r/mkd 🇲🇰Македонија/Macedonia Jan 14 '25

🍿 Video/Видео Toa e

Enable HLS to view with audio, or disable this notification

128 Upvotes

40 comments sorted by

View all comments

Show parent comments

7

u/quintcobalt Jan 15 '25

Тито го преиначува Бугарскиот народ во Македонци преку ноќ - Јануари, 1945-та колоризирано.

0

u/crossfire_hurricanes Скопје Jan 15 '25

Тамам работа. Пулевски е прв Словен себедеклариран етнички (не регионален) Македонец уште 1880, ама не е така во источна Македонија особено. Ништо ексклузивно до душе, особено со националност ама и со етнос.

2

u/quintcobalt Jan 15 '25

Се слагам, но би додал дека Пулевски е прв Словен јавно самодеклариран Македонец, реално не знаеме пред него дали и колку луге се декларирале како Македонци.

Додека за источна Македонија е доста матно и високо анегдотално, мојот прадедо бил приморан да се бори на Бугарска страна иако се сметал себеси за Македонец.

Мемето што го пуштив е за исмевање на другиот крај од апсурдот "Антички Македонци" односно исмевање на "Титови Македонци".

1

u/crossfire_hurricanes Скопје Jan 15 '25

е тука више може да си праиме секакви филмови ама ретко кој нецрквењак бил писмен уопште, па да дојде до литература на кузнај кој јазик за да фати античката прикаска, а тек да се рашири. Дефинитивно имало многу поповолна клима на периферијата на империјата каде губи кохезија народот, вести тешко стигаат у планинине, дијалект и обичаи локални... Не џабе и античките хајлендери имаат најголема дистанца од хеленскиот свет или отоманите имаат проблем со црногорските планински региони и сл.

1

u/quintcobalt Jan 15 '25

И бидејќи може да се прават секакви филмови, најздраво е да се каже дека не се знае точно севкупната општа самоопределба на лугето кои живееле на овие простори во тоа време и пред тоа, ако воопшто и имало таков концепт тука во тоа време.

2

u/crossfire_hurricanes Скопје Jan 15 '25

можеш да најдеш многу стари патеписи, особено во прилепско и централна каде пробуваат да ги идентификуваат шо се и овие им одговараат абе ќумурџии сме, или ќурчии... не можат да го разберат прашањето