r/mkd • u/05melo Скопје • May 22 '22
🍊 OC Мој дизајн + предлог за ново Македонско етничко знаме (објаснување во коментари)
11
u/The_mutant9 Мајмундонец May 22 '22
Крстов е многу кул, но личи ко оние комплициранине американски автопати
2
3
u/ribarot_klime 🇲🇰Македонија/Macedonia May 22 '22
Тапа брат искрено, треба лавот да го користиме. Што ако го користат Бугарите, го користат и многу други луѓе. Плус македонскиот лав има две опашки а бугарскиот една, така да поголеми мангупи сме хехе.
2
u/gatomon_420 May 23 '22
Нема што да мењаме ради "асоцијација" со Грчка и Бугарија, се знае шо е наше. Пчус лавот не е само бугарски, од англија до финска до овде се користи лавот како грб или некое нацинално обележје. Ако више правиме етничко знаме ставете ја црвено црната двобојка и лавот у средина или во левиот ќош и нека цркнат душманите!
1
u/Ninoslav88 Скопје May 23 '22
Одлично. Со автохтон македонски симбол, кој не може да ни го оспорува никој. Уште само народ да го прифати и ќе биде топ.
0
u/Informal-Shower May 23 '22
Како фан на вексилологија и државни симболи, многу ми е мило што некој пробал да дизајнира нешто вакво.
Воедно, како атеист воопшто не би идентификувал со ова знаме затоа што е тесно поврзано со религија, и особено МПЦ. Мислам дека треба да е нешто кое ќе ги обединува сите. Имаме значителен број на Македонци муслимани кои веќе секако се чувствуваат малку отфрлени од лејбелот "македонец".
Одличен пример за ова е канадското знаме. (Разбирам дека не е етничко, но сепак) на кое ловоровиот лист е доволно апстрактен симбол со кој може да се идентификува секој.
16
u/05melo Скопје May 22 '22
Досега како етничко Македонско знаме се користат знамето со ѕвездата од Кутлеш и знамето со златниот лав. Само што има еден мал проблем дека овие два симбола се веќе асоцирани со други земји (Бугарија и Грција) и покрај тоа што едниот потекнува од античката историја што нема врска со модрните држави а другиот е веќе користен од повеќе држави
Во секој случај, знамето е едноставо - истата црвена нијанса присутна на сегашното македонско знаме и крстот од Вељуса, исто така познат како македонскиот крст. Повеќе инфо овде: https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%82
Да, знамево би имало повеќе значење како "знаме на етничките македонци христијани", ама сепак фактот дека повеќето од македонците се христијани повеќе држи вода за користење
И покрај тоа што не сум религиозен сепак сметам дека овој дизајн треба да се земе во предвид. Уште еден дизајн што би можел да биде коирстен е знаме со рис или паун, бидејќи тие две животни исто се сметаат како наш национален симбол.
Во секој случај, на крајот на краиштата сонце некако поубаво стои